Свети Архангели Михаил и Гаврил () — црква во селото Висока, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е сместен во стариот дел на селото. Изграден е во 1804 г., што е означено на натпис на јужниот ѕид. На натписот се вели дека храмот е обновен во 1804 г., односно дека е подигнат врз темелите на постар поствизантиски, а можеби и византиски храм.

Црквата претставува трикорабна базилика со дрвен покрив, трем од јужната страна и полукружна апсида на исток. Ѕидаријата е изведена од ситни камења, и во јужниот ѕид има вградени камени релјефи. Внатрешноста е пространа, што укажва на тоа дека храмот веројатно бил посветен на тројца светци. До 1960-тите постоела галерија со женска црква. Трите кораби се поделени со првобитните дрвени столбови, премачкани со гипс. За вредни се сметаат резбаниот владички престол и амвон, певницата и проскинитарите, како и клупите. На иконостасот има икони од XVII, XVIII и XIX век, од кои некои се дело на Кулакиската школа.

На 12 септември 2011 г. во жртвеникот на храмот, десно од олтарот се положени моштите на Света Кирана, маченичка од Висока. На 8 февруари 2012 г. десно од олтарната врата се положени дел од моштите на Света Акилина, маченичка од лагадинското село Загливер.

Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија

Наводи

Архангели, Висока Архангели, Висока Категорија:Појавено во 1804 година