Рождество на Пресвета Богородица () — црква во селото Геракари, Лагадинско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Лагадинско-ајватовско-рендинската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е изградена во XX век и се наоѓа во северниот дел на селото, на 100 м јужно од постарата црква „Св. Ѓорѓи“. Претставува трикорабна базилика со камбанарија на запад. Во храмот се пренесени вредните предмети од постарата црква. Има 11 преносливи икони и 10 старопечатени книги. Особено вредна е поклоничката икона на Христос Седржител со Свети Јован Богослов сместена во јужниот кораб, која веројатно датира од XVI век.
Поврзано Лагадинско-ајватовско-рендинска епархија
Наводи
Богородица, Геракари Богородица, Геракари