Тенка детелина () — едногодишен вид на растение од родот детелина на семејството на бобови. Расте во Македонија, и ретко се среќава во Данска.Den nya Nordiska Floran, 2003,

Опис Растението е едногодишно, нежно, високо 5–30 см, неразгрането или слабо разгрането. Стеблото е исправено, поретко прилегнато, тенко, голо или покриено со ретки, нежни, речиси прилегнати влакна. Листовите се голи и имаат многу куси дршки, а најгорните се речиси приседнати. Листовите се еднакво долги со дршките, обратнојајцевидни до долгнавесто-обратнојајцевидни, долги 5–10 мм, со остро назабен раб во горната половина и цел раб во долната половина. Основата е клиновидна. Прилисниците се јајцевидни или долгнавести, по работ покриени со ретки долги влакна, со заострен врв и подолги од лисната дршка.

Соцветијата се мали, со пречник до 6 мм и составени од 2–6 цветови. Стебленцата на цветните глави се благо наведнати, а цветовите цветаат од мај до јуни. Дршката на соцветието е долга, тенка и четири до шест пати подолга од соцветието, а по површината обично има ретки влакна. Цветовите се мали, долги до 3 мм. Цветните дршки се долги колку трубестиот дел на чашката или малку подолги.

Чашката е гола и долга до 2 мм. Нејзините запци се линејни, а на врвот имаат неколку долги влакна. Горните запци се покуси од страничните, додека долниот е еднаков по должина со горниот трубест дел на чашката. Венчето е долго 1,5–3,5 мм и има жолта боја. Барјачето е подолго од останатите цветни делови, прилегнато врз нив и со мазна површина. Плодот е гола мешунка која е свртена во една насока и обично содржи две семиња.

Распространетост во Македонија Тенката детелина расте по ливади, брдски и планински пасишта на надморска височина до 1500 метри и е широко распространето растенија на целата територија на Македонија.

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Детелина Категорија:Приземни растенија Категорија:Медоносни растенија Категорија:Фуражни култури Категорија:Флора на Македонија Категорија:Статии со микроформати за вид