Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Јуренџик, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на ул. „Микра Асија“ бр. 42. Камен-темелникот е поставен во 1938 г., но градежните работи се прекинати поради избувнувањето на Грчко-италијанската војна во 1940 г. Работата продолжила во 1943 г. со материјал од воените логори на окупациските сили и храмот е завршен во 1944 г. Градбата претставува трикорабна базилика. Проширувана е во 1986 и 1987 г., кога е изградена и камбанаријата.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Богородица, Јуренџик Богородица, Јуренџик Категорија:Појавено во 1944 година