Свети Атанасиј () — црква во селото Арапово, Солунско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Неаполско-ставруполската епархија на Цариградската патријаршија.

Во Арапово е изградена македонската црква „Св. Атанасиј“ околу 1860 г. Според зачуваните фотографии, таа била трикорабна базилика со дрвени тавани и трем на западната страна. Се користела сè до 1967 г кога е напуштена поради структурни проблеми, а во 1974 г. е срушена. Во 1968 г. започнала изградбата на нова црква, осветена на 2 октомври 1977 г. од митрополитот Дионисиј Неаполско-ставруполски. Во новата црква се чуваат вредните реликвии од старата. Храмот е жисописан во 1986 г., а следнат година се додадени надворешна колонада и припрата.

Поврзано Неаполско-ставруполска епархија

Наводи

Атанасиј, Арапово Атанасиј, Арапово Категорија:Појавено во 1977 година