Кинеска глицинијаWisteria sinensisминиНаучна класификацијаЦарство:PlantaeКолено:MagnoliophytaКласа:MagnoliopsidaРед:FabalesСемејство:FabaceaeПотсемејство:FaboideaeРод:WisteriaВрста:W. sinensisБиномен називWisteria sinensis(Симс) DC. Кинеска глицинија () — листопаден, повеќегодишен ползавец од родот Wisteria, по потекло од Кина, од провинциите Гуангси, Гуејџоу, Хебеj, Хенан, Хубеј, Шенси и Јунан. Иако е ползавец, може да се формира и во облик на дрво, со брановидно стебло и висечки гранки.

Галерија Може да порасне до висина од 20 до 30 метри. Листовите се сјајни, зелени долги 10-30 сантиметри и широки 9-13 сантиметри. Цветовите се бели, виолетови или сини, со 15-20 гроздови во пролет, кои обично цветаат во средината на мај.

Одгледување Иако потекнува од Кина, нашироко се одгледува во САД. Таму била пренесена во 1816 година и набрзо станала едно од најпопуларните градинарски растенија, токму поради нејзините цветови. Меѓутоа, во некои делови на Соединетите Држави почнала неконтролирано да се шири поради поволната клима, слична на онаа во Кина. Еден примерок од Сиера Мадре дава еден и пол милион цветови на гранките кои надминуваат 150 метри во должина за време на цветањето.

Галерија

Наводи

Литература

Надворешни врски

Категорија:Статии со микроформати за вид Категорија:Хортикултура Категорија:Дендрологија Категорија:Цвеќиња Категорија:Флора на Јужна Каролина Категорија:Флора на Македонија Категорија:Растенија за бонсаи