Свети Јован Богослов () — црква во градот Негуш, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е сместена на истоимениот рид јужно од градот. Изградена е од 1822 до 1830 г. од месното население на местото на постар храм по завршетокот на Негушкото востание. Првично била параклис на „Св. Преображение“. Низ годините претрпела интервенции и додавки, претежно на покривот.
Градбата претставува трикорабна базилика без купола и површина од 200 м2. Средишниот кораб е подигнат. Храмот нема живопис, но има вредни икони како таа на Свети Јован Богослов и Пресвета Богородица Поширока од небесата, дела на негушките зографи Христодулос Матеу и Апостолос Хасјурас. Иконостасот е дрвен, резбан и со мали икони.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Јован Богослов Јован Богослов, Негуш Категорија:Појавено во 1830 година