Зегел () — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија.
Општината претставува административно седиште на истоимената општинска заедница.
Во Зегел се наоѓа дворецот Клеменсверт подигнат во периодот 1737-1749 од Јохан Конрад Шлаун за изборниот кнез Клеменс Август Баварски.
Географија Местоположба
Зегел се наоѓа на јужниот раб од Химлинг, а источно од него се наоѓа изворишното подрачје на Нордраде, притока на Емс.
Соседни општини
Зегел на север се граничи со општините Верпело и Шпанхаренштете, на исток со општините Верлте и Лан во општинската заедница Верлте, на југ со општините Хивен, Клајн Берсен и Грос Берсен и на запад со општината Штаверн, како и со општините Латен и Ренкенберге во општинската заедница Латен.
Историја
Поголемиот дел од средиштето на населбата било уништено од канадската војска откако градот бил освоен во април 1945 година.
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Емсланд Категорија:Општини во Долна Саксонија