мини|Трамвајска дилема: дали треба да ја повлечете рачката и да го пренасочите трамвајот на спореден пат со едно лице? Трамвајска дилема — мисловен опит во етиката. Во принцип, проблемот е:Има трамвај што нема контрола над функциите и се движи кон пет лица што се врзани за шините. Стоите покрај лост што може да го пренасочи трамвајот на друга лента. Ако ја повлечете рачката, трамвајот ќе ја смени лентата и петте луѓе на главната лента ќе бидат спасени. Сепак, едно лице лежи на страничната лента. Имате два избори:

Не прави ништо и дозволи трамвајот да убие пет луѓе на главната лента. Повлечете ја рачката и пренасочете го трамвајот на страничната лента и убијте еден човек.

Кој избор е етички поточен?Современиот облик на проблемот првпат го вовел Филип Фут во 1967 година,Philippa Foot, The Problem of Abortion and the Doctrine of the Double Effect in Virtues and Vices (Oxford: Basil Blackwell, 1978) (originally appeared in the Oxford Review, Number 5, 1967.) но подетално бил анализиран од Џудит Томпсон,Judith Jarvis Thomson, Killing, Letting Die, and the Trolley Problem , 59 The Monist 204-17 (1976)Judith Jarvis Thomson, The Trolley Problem , 94 Yale Law Journal 1395–1415 (1985) Френсис Кам,Francis Myrna Kamm, Harming Some to Save Others, 57 Philosophical Studies 227-60 (1989) и Питер Унгер.Peter Unger, Living High and Letting Die (Oxford: Oxford University Press, 1996) Меѓутоа, претходната верзија, во која лицето кое се жртвува на патеката било дете на оној што одлучува дали да ја повлече рачката или не, било дел од моралниот прашалник доделен на студентите на Универзитетот во Висконсин во 1905 година.Frank Chapman Sharp, A Study of the Influence of Custom on the Moral Judgment Bulletin of the University of Wisconsin no.236 (Madison, June 1908), 138.Frank Chapman Sharp, Ethics (New York: The Century Co, 1928), 42-44, 122. и еден германски правен научник разговарал за сличен проблем во 1951 година Hans Welzel, ZStW Zeitschrift für die gesamte Strafrechtswissenschaft 63 , 47ff. Дополнително, сличен проблем во врска со тоа дали е етичко да се пренасочи проектил од поголема маса на помала, дискутирал и Аврохом Јешаја Карелиќ во неговиот коментар за Талмудот, напишан и објавен во 1953 година.Hazon Ish, HM, Sanhedrin #25, s.v. "veyesh leayen". Available online, http://hebrewbooks.org/14332, page 404

Од 2001 година, трамвајската дилема и нејзините варијанти се широко користени во емпириските истражувања за моралната психологија. Проблемот со трамвајот бил тема и на популарни книги. Проблемот често се јавува во дискусијата за етиката на дизајнот на автономните возила.

Емпириско истражување Во 2001 година, Јошуа Грин и неговите колеги ги објавиле резултатите на првото значајно емпириско истражување однесувајќи се на одговорите на луѓето на кој им бил представен проблемот со трамвајот . Користејќи фукционална магнетна резонанца, тие покажае дека "лични" дилеми (како што е буткање човек од мост со свој раце) повластено вклучуваат региони на мозокот кои се поврзани со емоциите, додека пак "безлични" дилеми (како што е пренасочување на трамвајот преку рачката) вклучува преференцијално ангажирање на области кој се поврзани со контролните расудувања. Врз основа на тоа, тие се залагаат за процес на дуално морално одлучување. Од тогаш бројни други студии го користеле проблемот со трамвајот за да проучуваат морално пресудување, истражувајќи теми кои што се улога и влијание на стрес, емоционална состојба, управување со влијание, нивоа на анонимност, различни типови на оштетување на мозокот, физиолошко возбудување и генетски фактори на одговори на проблемот со трамвајот.

Истражување на податоци Проблемот со трамвајот е предмет на многу студии во кои приближно 90% од испитаниците избрале да убијат еден и да спасат пет. Ако ситуацијата се промени така што жртвата за петтемина била член на семејството или романтичен партнер, испитаниците се многу помалку подготвени да ги жртвуваат своите животи.Journal of Social, Evolutionary, and Cultural Psychology Error in webarchive template: Check |url= value. Empty.

Студијата од 2009 година објавена во документ од 2013 година од Дејвид Бурге и Дејвид Чалмерс покажува дека 69,9% од професионалните филозофи би замениле (жртвувале еден поединец за да спасат пет животи) во случај на проблем со трамвај. 8% не би ја повлекле рачката, а останатите 24% имале поинаков став или не сакале да одговорат.

Импликации за автономните возила Аналогни проблеми со проблемот на трамвајот настануваат при дизајнирањето на автономни автомобили, во ситуацији каде софтверот на автомобилот при можно сценарио на судар, е принуден да избере помеѓу повеќе правци на дејство (понекогаш вкључувајки опции на смрт за патниците на возилото), а сите опции би довеле до повредување. Платформа со име Морална машина е создадена од страна на МИТ Медиа Лаб за да се овозможи јавноста да го изрази своето мислење за тоа која одлука автономно возило би требало да донесе во сценарио коешто користи парадигми на проблемот на трамвај. Анализа на податоци собрани со помош на Моралната машина покажале голема разлика во релативни претпочитувања помеѓу различните држави. Други пристапи користат виртуелна реалност за проценување на човечкото однесување во експериментални ситуации.

Во 2016 година, германската влада формирала етичка комисија која се занимава со импликациите на автономното возење. Како резултат на тоа, комисијата дефинирала 20 правила за автономно и поврзано возење, кои ќе бидат задолжителни за претстојните закони за производство на автономни автомобили.

Критика Во 2014 година во една статија објавена на Social and Personality Psychology Compass, критикувана е употребата на трамвајската дилема, тврдејќи, меѓу другото, дека сценариото што е претставено е премногу екстремно и не е поврзано со вистински морални ситуации за да биде корисно или едукативно.

Извори

Категорија:CS1-одржување: датумски формат Категорија:CS-грешки: PMID Категорија:Мисловни опити