Свети Архангели () — црква во селото Крушево, Валовишко, Егејска Македонија. Влегува во состав на Валовишката епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата претставува трикорабна псевдобазилика длабоко вкопана во земја со пространа женска црква и отворен трем на запад. Според натписот над западниот влез, изградена е во 1812 г. Внатре има икони од 1816 г. и други периоди на XIX век. Била глвен храм на селото сè до изградбата на „Св. Илија“ во 1870 г.
Во 1995 г. храмот е прогласен за заштитен споменик на културата.
Поврзано Валовишка епархија
Наводи
Архангели, Крушево Архангели, Крушево Категорија:Споменици на културата во Синтика Категорија:Појавено во 1812 година