Третата битка кај Дарданелите — поморска битка на Отоманската морнарица под команда на адмирал Кенан-паша со морнарицата на Република Венеција на 26 и 27 јуни 1656 година пред теснецот Дарданели, како дел од Отоманско-венецијанската војна (1645–1669). Битката претставувала јасна победа за Венеција и витешкиот ред „Болничари“ над Отоманското Царство иако нивниот командант, Лоренцо Марчело, бил убиен првиот ден.
Заднина Од 1645 година, Венеција и Отоманското Царство војувале околу поседувањето на островот Крит. Османлиските сили го зазеле најголемиот дел од островот во раните години на војната, но не биле во можност да го заземат неговиот главен град, силно утврдениот град Кандија (современ Ираклион). Венецијанците се обиделе да го прекинат снабдувањето и засилувањето на османлиската војска и неколку пати се обидиле да го блокираат теснецот Дарданели, преку кој отоманската флота морала да плови за да стигне до Егејското Море од својата база околу Цариград.
Марчело стигнал до островот Имброс, надвор од теснецот Дарданели, на 23 мај 1656 година со 13 едрени бродови, 6 галеаси и 24 галии, како и уште некои бродови под Пјетро Бембо. На 11 јуни пристигнале 7 малтешки галии на чело со Грегорио Карафа, со што вкупно броеле 29 едрени бродови, 7 галеаси и 31 галии.Setton (1991), p. 182Anderson (1956), p. 159
На 23 јуни, Османлиите, под водство на Кенан или Чинам-паша, преобратен Русин, се појавиле во теснецот со 28 едрени бродови, 9 галеаси и 61 галии. На 24 јуни турските копнени сили од двете страни на теснецот направиле обид да ги избркаат Венецијанците, но не успеале во тоа.Setton (1991), p. 182Anderson (1956), p. 159
Битка Утрото на 26 јуни дувало северен ветер, а Османлиите постигнале добар напредок, венецијанските галии не биле во можност да им помогнат на своите едрени бродови. Потоа ветрот се поддржал, свртувајќи се кон југоисток, заробувајќи ги Османлиите на азиската страна на Теснецот. Кенан-паша се вратил со 14 галии, но останатите биле или заробени, потонати или изгорени.Setton (1991), p. 182 Султан / Сан Марко бил најнапредниот венецијански брод и направил најмногу за да го спречи отоманското повлекување.
Во текот на битката, венецијанскиот капетан генерал Марчело бил убиен од директен топовски удар, но неговата смрт се чувала во тајност.
Следниот ден се случле некои борби од мали размери, а на крајот од денот, османлиската флота изгубила 4 големи едрилици, 5 заробени галеаси и 13 галии, а 22 едрени бродови, додека 4 галеаси и 34 галии биле потонати или изгорени. Само 2 отомански едреници и 14 галии успеале да побегнат. Од заробените бродови, Малта добила 2 галеаси, 8 галии и 1 „супер галија“. Венецијанците изгубиле 3 едрени бродови, а нивните жртви изнесувале 207 убиени, 260 ранети и 94 исчезнати. Малтешките жртви изнесувале 40 убиени и 100 или повеќе ранети. Околу 5.000 христијански робови вработени во османлиската флота биле ослободени.Setton (1991), p. 183
Последици
Тоа бил најтешкиот поморски пораз што го претрпеле Османлиите од Битката кај Лепанто,Setton (1991), p. 183Finkel (2006), p. 248 и им овозможил на Венецијанците да ги окупираат стратешки важните острови Тенедос и Лемнос, со што воспоставиле цврста блокада на теснецот.Setton (1991), pp. 183-185 Како резултат на тоа, дотурот на Крит практично бил прекинат, а самиот Цариград претрпел недостиг на храна во текот на зимата.Finkel (2006), pp. 251-252 Меѓутоа, во тридневната битка во јули 1657 година, блокадата повторно била отстранета.Setton (1991), pp. 186-188
Поврзано Критска војна (1645-1669) Битка кај Дарданелите (1654) Битка кај Дарданелите (1655)
Надворешни врски
Наводи
Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Судири во 1656 година Категорија:Поморски битки во Османлиско-венецијанските војни Категорија:Дарданели Категорија:Поморски битки на Венецијанската Република Категорија:Поморски битки на Отоманското Царство Категорија:Критска војна (1645–1669) Категорија:Поморски битки на Малтешкиот ред