Пресвета Богородица () — црква во селото Горно Броди, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е изградена во 1873 г. во Камарското Маало. Во еден документ од 5 мај 1873 г. на учителот Никола Падарев, потврден со селските печати и 215 потписи, де вели дека селото едногласно ја подигнало оваа нова црква, која ја осветил митрополитот Неофит Серски, поканет од гркоманите, а по молба на хаџи Иван Бојанов од Камарското Маало. Во прво време црквата била гркоманска, сè додека целото село не ја отфрлило Патријаршијата.

Васил К’нчов го посетил Горно Броди во 1891 г. и напишал за црквата:

Во истата 1891 г. Георги Стрезов напишал дека во обете селски цркви („Св. Димитриј“ и „Св. Богородица“) се служело и на словенски и на грчки.

На почетокот на XXI век до црквата има фудбалско игралиште. Градбата е во урнатини и покривот е паднат.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Богородица, Горно Броди Богородица, Горно Броди Категорија:Појавено во 1873 година