„Малена“ — италијански филм од 2000 година во режија на Џузепе Торнаторе. Главните улоги ги играат: Моника Белучи, Џузепе Сулфаро и Лучано Федерико.РТС, Малена (пристапено на 4.6.2022)
Синопсис Во 1941 година, во едно мало место на Сицилија доаѓа убавата и заводлива Малена. Таа е омажена, но нејзиниот сопруг е мобилизиран и се претпоставува дека погинал на фронтот. Малена го привлекува вниманието на сите жители во местото при што кај многумина предизвикува љубомора, а освен тоа, таа е предмет на озборувања. Меѓутоа, наспроти малограѓанскиот, провинциски менталитет, Малена не реагира на озборувањето, а сето тоа го набљудува детето Ренато кој сочувствува со неа.
Наводи
Категорија:Италијански филмови Категорија:Филмови на италијански јазик Категорија:Филмови од 2000 година Категорија:Филмови на Џузепе Торнаторе Категорија:Филмови со Моника Белучи Категорија:Филмови со Џузепе Сулфаро Категорија:Филмови со Лучано Федерико Категорија:Филмови чие дејствие се одвива во Сицилија