Успение на Пресвета Богородица () — црква во селото Калапот, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата е сместена на северниот крај на селото. Изградена е во 1841 г. и денес е во многу добра состојба. На западната страна има трем, а на катот над него има женска црква. Во минатото имало покриен трем од двете страни на храмот. Однадвор црквата е украсена со релјефни плочи. На една од нив пишува:

На квадратната камбанарија на северозападниот агол на комплексот е врежана годината 1864.

Според Георги Стрезов во 1891 г. во црквата се служело и на словенски и на грчки.

Поврзано Зихненско-неврокопска епархија

Наводи

Богородица, Калапот Богородица, Калапот Категорија:Појавено во 1841 година