Кирил Каракаш (, ) — македонски филмски и телевизиски режисер, сценарист и продуцент.
Животопис Кирил Каракаш е роден на 15 мај 1992 година во Прилеп каде го завршил основното и средното образование. Дипломирал филмска и телевизиска режија на Универзитетот за аудиовизуелни уметности ЕСРА во Скопје и на истиот факултет продолжил со студии на филмска и телевизиска продукција.
Филмот и фотографијата се важни во неговиот живот уште од 12-годишна возраст кога со својот прв филм учествувал на националниот фестивал за аматерски филм и оттогаш пишува сценарија, режира, монтира и продуцира краткометражни, документарни и долгометражни филмови. Кирил има работено и како асистент режисер и прв асистент режисер на голем број кратки филмови.
Од 2015 година бил асистент менаџер на Националниот фестивал на аматерски филм на Македонија, а во 2019 година заедно со неговиот колега Светислав Подлешанов го презеле раководството на фестивалот. Во последните неколку години работи и како ментор за средношколци во креативен документарен филм за млада публика.
Кирил е добитник на награди за своите фотографии на државни натпревари за фотографија во Македонија. Активен е во хуманитарна фотографија; во 2009 година имал самостојна изложба, а во 2010 година организирал групна изложба за помош на луѓето со посебни потреби. Тој, исто така, работел на проект за подигање на свеста за спречување на трговија со луѓе, а негова фотографија била објавена во 2013 година на насловната страница на списанието „Жени и правда: правен дијалог“ на Институтот за човекови права.
Филмографија Режисер Година Филм Забелешка202130 години државност - уставот темел на иднината - тв филм 2018Водата соавтор Светислав Подлешанов 2016 Обожение соавтор Светислав Подлешанов
Сценарист Година Филм Забелешка 2018Водата соавтор Светислав Подлешанов 2016 Обожение соавтор Светислав Подлешанов
Продуцент Година Филм ЗабелешкапостпродукцијаПразникот на хризантемите - игран филмкопродуцент2020Фрагменти - документарен филмкопродуцент2019 Çdo Çast - краток игран филмАсистент на продукција 2018Водата - краток документарен соавтор Светислав Подлешанов 2016 Обожение - игран филм соавтор Светислав Подлешанов
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Македонски режисери Категорија:Македонски продуценти Категорија:Македонски сценаристи