„Апокрив“ (англиски: Apocryph) — музички албум на дуото Добрила Грашеска и Дориан Јовановиќ од 2021 година.

Содржина Албумот содржи седум песни:Dobrila & Dorian Duo, Apocryph, SJF Records, 2021. Аир да не сториш Кирајџиче Ти се армаса Излези, Видо Стојан ми болен легаја ДафНевесто, тенка висока Три години стана

Технички одлики Албумот содржи обработки на македонски народни песни, во аранжман на Грашеска и Јовановиќ. Албумот е снимен во музичкото студио „Профундус“ во август и септември 2020 година. Инженери на звукот се Дориан Јовановиќ и Бојан Угриновски, а Јовановиќ ги извршил миксирањето и мастерингот. Дизајнот на албумот е дело на Зоран Цардула. Излегувањето на албумот било делумно помогнато од Министерството за култура.<

Осврт кон делото Според етномузикологот Александра Кузман, музичкиот албум „Апокриф“ е инспириран од две посебни традиционални музички изрази кои, измешани, создаваат нова урбана музичка слика со своја сопствена рамка. Тој е звучна интерпретација која се темели врз емоциите и животните погледи на авторите во однос на традицијата и културното наследство на македонскиот музички регион.

Наводи

Категорија:Македонски етно албуми Категорија:Изданија на SJF Records Категорија:Појавено во 2021 година во Македонија Категорија:Македонски дела од 2021 година Категорија:Албуми од 2021