Свети Архангел Михаил или Собор на Архангелите () — црква во некогашното село Ловча, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Зихненско-неврокопската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е единствениот остаток од селото. лево|мини|250x250пкс|Фреска на Архангелите и Невидливите сили над главниот западен влез со избришани словенски натписи Црквата е изградена во 1848 г. според плочите од северната и источната страна. Храмот е доста голем (25,50 × 17,90 м). Градбата претставува трикорабна базилика со трансепт и женска црква на вториот кат. Во средиштето на западната страна во 1884 г. е изградена монументална камбанарија. Според Георги Стрезов во 1891 г. црквата била под врховенството на Патријаршијата. Живописот во храмот е дело на зографот Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1860 – 1870 г.
Поврзано Зихненско-неврокопска епархија
Наводи
Архангел Михаил, Ловча Архангел Михаил Категорија:Појавено во 1848 година