Свети Атанасиј — црква во селото Доксат, Драмско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е осветена на 20 октомври 1867 г. според плочата на западниот ѕид. Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква и трем. Апсидата однадвор е украсена со слепи ниши. Првично главниот влез бил од запад, преку тремот. Во 1893 г. со доградбата на камбанарија од делкан камен, се направени извесни промени — тремот е затворен и на југ додаден е нартекс, каде е направен главниот влез.
Иконите на иконостасот се дело на Серги Георгиев од Неврокоп, изработени во 1870 г. Само две икони се од друг мајстор, насликани во 1843 г.
Во 1966 г. црквата е прогласена за споменик на културата.
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Атанасиј, Доксат Атанасиј, Доксат Категорија:Споменици на културата во Доксат (општина) Категорија:Појавено во 1867 година