мини|200п|десно|Бенџамин Франклин - еден од авторите на Декларацијата за независност на САД. Бенџамин Френклин (англиски: Benjamin Franklin) (Бостон, – Филаделфија, ) — американски државник, филозоф, физичар, економист и писател.
Покрај Џеферсон, автор е на американската „Декларација за независност“. Со години тој се занимавал со демократизација на Уставот и укинување на ропството.
Како физичар се занимавал со проучување на електрицитетот и го пронајде громобранот.
Раниот живот во Бостон
Бенџамин Френклин е роден на улицата Милк стрит, во Бостон, Масачусетс, јануари 17, 1706,[Белешка 1] и бил крстен во „Old South Meeting House“. Тој бил едно од седумнаесетте деца на Џосаја Френклин, еден од десетте родени деца на Џосаја и неговата втора сопруга, Абиа Фолгер. Меѓу браќата и сестрите на Бенџамин, најстариот бил неговиот брат Џејмс, а најмлада сестрата Џејн.
Џосаја посакувал Бен да посетува школо за свештенство, но имал пари доволни само за две годишно школување. Тој го посетувал и Латинското школо во Бостон, но не успеа да го заврши; го продолжил своето школување преку незаситни читања. И покрај мислењето на неговите родители дека цркавата е кариера за Фреклин, неговото школување завршува на десет годишна возраст. Тој работел за својот татко некое време, и на дванаесет годишна возрас тој станал чирак кај неговиот брат Џејмс, кој бил печатач, кој го научил Бен за трговијата со печатењето. Кога Бен имал петнаесет години, Џејмс ја основал „The New-England Courant“, кој бил првиот вистински независен весник во колониите.
Кога му била одземена шансата да напише писмо кое требало да биде обајвено од страна на весникот, Френклин го присвоил псевдонимот на средовечна вдовица „госпоѓа Тивката Дугуд“ („Silence Dogood“). Писмата кои биле обајвени од г-ѓа Дугуд набрзо станеле главна тема на разговор во градот. Ниту Џејмс ниту читателите на „Courant“ не биле свесни за измамата, но Џејмс бил незадоволен откако открива дека токму неговиот помал брат Бен е популарниот дописник. Френклин бил заговорник и поддржувач на слободен говор уште од својата рана возраст. Кога неговиот брат бил притворен на три недели во 1722, поради објава на непријатни материјали за гувернерот, младиот Френклин го превзима весникот и како г-ѓа Дугуд (цитирајќи ги писмата на Като) објавува: „Без слобода на мислата не може да пости такво нешто како мудрост и нема такво нешто кое се нарекува јавна слобода без слобода на говорот.“ Френклин ја напушта својата позиција како чирак без одобрение на својот брат и со тоа станува бегалец.
Пронајдоци и научни прашања
Френклин бил огромен пронаоѓач. Помеѓу многу бројните пронајдоци беа громобранот, стаклена армоника (инструмент од стакло, а не од метал), Френклин печка, биофокални очила и флексибилни уринарни катетари. Френклин никогаш не ги патентирал своите изуми; во неговата биографија тој напишал „... како што уживаме сите од придобивките на пронајдоците на другите, ние треба да бидеме среќни кога имаме можност да им служиме на другите со нашите пронајдоци; и тоа треба да се направи слободно и дарежливо.“
Неговите пронајдоци вклучуваа и социјални пронајдоци, како што е плаќањето однапред. Фасцинацијата од иновации кај Френклин може да биде и видена како алтруистичка; тој напишал дека неговите научни трудови се наменети за зголемување на ефикасноста и човековите подобрувања. Еден од многуте подобрувања бил неговиот напор за забрзувања на услугите на весникот преку неговата преса за печатење.
Студии за население Френклин имал големо влијание врз новите науки на демографијата, или студии за населението. Томас Малтус е познат по неговото правило за раст кај населението и му дава заслуги токму на Френклин за откритието. Камен (1990) и Дрејк (2011) велат дека Френклиновите "Забелешки за зголемување на човештвото" (1755) стои рамо до рамо со оние на Езра Стајлс "Дискурс на христијанската унија" (1760) како водечки дела на осумнаесеттиот век за англо-американската демографија; Дрејк го кредитира Френклин за "Широка читателска публика и пророчки увид."
Во 1730-ите и 1740-ите, Френклин започнува со запишување белешки за порастот на населението, пронаоѓајќи дека населението на САД има најбрзи стапки на раст на целата планета. Истакнувајќи дека порастот на населението зависи од снабдувањето со храна — мислата подоцна развиен од страна на Томас Малтус — Френклин го истакна изобилство на храна и обработливото земјиште на располагање во Америка. Тој пресметал дека населението во Америка се удвојува на секои дваесет години и ќе го надмине населението на Англија за еден век. Во 1751 година тој ја подготвил „Согледувања во врска со зголемувањето на човештвото, населувањето на земји, итн.“. Четири години подоцна, била анонимно печатена во Бостон, па потоа беше брзо репродуцирана и во Велика Британија, каде што послужила за влијание на економистите Адам Смит и подоцна Томас Малтус. Предвидувањата на Френклин ги вознемирила Бритнаските државници, кои не сакале Британија да биде надмината од своите колонии, па тие стануваат сè поподготвени да наметнат ограничувања на колонијалните економии.
Френклин исто така бил пионир во студијата за демографијата на ропството, како што е прикажано во еден есеј од 1755.
Струи во Атлантскиот Океан Како заменик министер во поштата, Френклин станува заинтересиран за шаблоните на цирклуирање во Северно атлантскиот Океан. Додека бил во Англија во 1768, тој слушнал поплаки од колонијалниот одбор на Царината: „Зошто им е потребно повеќе недели на британските бродови со пакети кои патуваат за Њујорк, отколку што му е потребно на еден трговски брод да пристигне во Њупорт, Род Ајленд?“. Притоа трговските бродови имаа потешка тура тргнувајќи од Лондон, додека поштенските бродови со пакети тргнувале од Фалмаут во Корнвол.
Френклин му го поставил прашањето на неговиот братучед Тимотеј Флогер, капетан од Нантакет и китоловец, кој му објаснил дека трговските бродови рутински ја избегнуваат силната источна океанска струја во средината. Капетаните на поштенските бродови пловеле низ неа, со што се бореле со негативната струја од 3 милји на час (5 км/ч). Френклин работел со Флогер и други искусни капетани на бродови, учејќи доволно за да напише шема на струите во окенаот и да ја именува како Голфската струја, која ни е позната и денес.
Френклин ја објавил својата шема за Голфската струја во 1770 година во Англија, каде што бил целосно игнорирани. Следните верзии беа испечатени во Франција во 1778 година и во САД во 1786. Британскиот верзија на табелата, која беше оригиналната, била толку темелно игнорирана што сите сметале дека е изгубена сè додека Фил Ричардсон, океанограф и експерт за Голфската струја, ја открива во Националната библиотека во Париз во 1980 година. Овој негов пронајдок резултирал со насловната страница во Њујорк тајмс.
Потребни биле многу години за бритнаските поморски капетани да ги прифатат советите на Френклин за навигација низ струјата, но откако ќе се случи тоа тие успеале да го намалат дури за две недели патувањето преку океанот. Во 1853 година, океанографот и картограф Метју Фонтен Мори истакнува дека Френклин само ја мапирал и кодифицирал Голфската струја, тој не ја открил:
Електрицитет
Откритијата на Френклин произлегле од неговото истражување на електрицитетот. Френклин предложил "стаклестата" и "смолестата" електрична енергија не се различни видови на "електрични течност" (како што се викал електрицитетот во тоа време), но е истата електрична течност под различни притисоци. Тој беше првиот да ги етикетираат како позитивни и негативни, соодветно, и тој беше првиот што го открил принципот на зачувување на полнење.
Во 1750 година, тој објавил предлог за експеримент за да докажат дека молњата е електрицитет со летање летала во бура, која е способна да прерасне во невреме. На 10 мај 1752 година Томас-Франсоа Далибар од Франција го спровел експериментот на Френклин користејќи железна прачка висока 12 метри, наместо летало, каде успеал да извлече електрична искра од облакот. На 15 јуни најверојатно Френклин го спровел својот добро познат експеримент со летало во Филаделфија, успешно ивлекувајќи искри од облак. Експериментот на Френклин не бил запишан со заслуги сè до објавувањето на „Историја и тековен статус на електричната енергија“ во 1767 од страна на Џозеф Присли; доказите покажуваат дека Френклин бил изолиран, со што се заштитил себе од струен удар. Дурги, како што е д-р Георг Вилхелм Ричман, биле удрени од струја во текот на следните месеци по експериментот на Френклин.
Во неговите дела, Френклин покажува дека тој бил свесен за опасностите и нуди алтернативни начини за да покаже дека молњите се електрични, како што е прикажано со користење на електрично тло. Ако Френклин го извршел својот експеримент, тој можно е да не го завршел како што е често опишувано — летајќи летало и чекајќи да го погоди молња — бидејќи било многу опасно. Наместо тоа, тој користи летало за да собере електричен полнеж од облак од бура, со што се потврдува дека молњата е електрична.[се бара извор] На 19 октомври, во писмо до Англија со насоки за повторување на експериментот, Френклин напишал:
Електричните експерименти на Френклин доведоа до неговиот изум на громобран. Тој истакна дека проводници со остар врв отколку со мазен, можат да се испразнат тивко и притоа на поглема далечина. Тој претпоставил дека тоа би можело да помогне да се заштитат објекти од молњи со приложување „исправена прачка од железо, направени остри како игла и позлатени да се спречи ’рѓосување, а од подножјето на тие прачки со жица да се заземји по надворешноста на зградата; ... Најверојатно овие метални прачки ќе го привлечат електричниот оган од облакот пред да удри и со тоа ќе се заштитиме од страшно зло!“. По серија на експерименти врз сопствената куќа на Френклин, громобраните биле поставени на Академијата на Филаделфија (подоцна Универзитотот во Пенсилванија) и од државната куќа на Пенсилванија (подоцна Сала на независноста) во 1752.
Како признание за неговата работа со електрична енергија, Френклин ја примил наградата на Кралското друштво „Copley“, медал во 1753 година, а во 1756 тој стана еден од неколкуте Американците, каде во 18 век бил одбран за соработник на Здружението. Единицата cgs (единица на електричен полнеж) е именувана по него: еден Френклин (Fr) е еднаков на една статкулумб (statC).
Теорија за бран на светлината Френклин бил, покрај неговиот современик Леонард Ојлер, единствениот голем научник кој ја поддржал теоријата на Кристијан Хајгенс за бран на светлината, која била игнорирана од останатите членови на научната заедница. Во 18-иот век Њутновата корпусклурана теорија се сметала за точна; но само до моментот кога Јанг го прави својот познат експеримент во 1803, каде сите научници биле уверени во теоријата на Хајгенс.
Метеорлогија На 21 октомври 1743, според популарниот мит, бура која се движела од југозападот го попречила Френклин да има можност да го посведочи затемнувањето на Месечината. Френклин сметал дека ветровите преовладуваат од североисток, спротивно на тоа што очекувал. Во кореспонденција со неговиот брат, Френклин дознава дека истата бура не стигнала до Бсотон, дури после затемнувањето, и покрај фактот дека Бостон е североистично од Филадефлија. Тој определил дека бурите не патуваат скеогаш во насока на посточкиот ветар, концепт кој во голема мера имал влијание врз метеорологијата.
По влуканската еурпција на Лаки, Исланд, во 1783 година, и последователната сурова Европска зима во 1784, Френклин направил набљудувања поврзувајќи ги двете причинско-последични настани. Тој напишал и серија на предавања на оваа тема.
Влечење со летала