Воведение на Пресвета Богородица () наречена и Стара митрополија (Παλαιάς Mητροπόλεως) — црква во градот Драма, Егејска Македонија. Порано била катедрален храм на Драмската епархија на Цариградската патријаршија.
Историја Храмот е изграден на местото на византиска или ранопоствизантиска црква, целосно обновена во 1721 г. од епископот Партениј Драмски. За оваа обнова се знае од мермерна плоча вградена во соседната митрополитска зграда. Од ракописна литургија од 1735 г. која се чува во олтарот, се знае дека прв ктитор на храмот бил епископот Фотиј Филипски, што значи дека црквата е изградена пред 1300 г., кога Драма е одвоена од Филипската митрополија. Црквата е опишана на почетокот на XVIII век од францускиот патописец Пол Лика. По разорниот земјотрес од 1829 г. храмот претрпел целосна обнова која траела од 1834 г. па сè до 1975 г.
Според Асен Василиев, градител на црквата е Јанкул Силјанов од Тресонче.
Архитектура Храмот претставува трикорабна базилика со двоводен покрив, типичен за тоа време, Има скромна надворешност. Во дворот има чешма и мраморно корито. Има двавлеза — еден од запад и еден од север. Трета врата води до женската црква и камбанаријата, подигната во 1893 г. Мала врата води од жртвеникот на исток кон дворот.
Внатрешноста е поделена на три кораба со два реда од по седум столбови. Од старините зачувани се вредниот резбан иконостас од почетокот на XIX век, владички престол, амвонот и проскинитар. Има забележителни икони од 1850, 1864, 1865 и 1871 г. Нивни автори се Серги Георгиев од Неврокоп, Антим од Неврокоп и Димитар Неделчев од Караќој. Една икона на Свети Спиридон на владичкиот престол е дело на Јаков Мелнички: χειρ Ιακώβου Ν. Μελενικίω ετος αων' (= 1850). Во апсидата е зачувана фреска на која е претставено Симнувањето од крстот, потпишана долу од Димитар Неделчев. Во 1917 г. бугарската војска однела вредно ракописно евангелие, кое денес се чува во Националната библиотека „Св. Кирил и Методиј“ во Софија.
Во 1971 г. е урнат предниот дел на црквата, за да може да се гледа новата катедрала. Во 1975 г. црквата е прогласена за заштитен споменик на културата.
Поврзано Драмска епархија
Наводи
Богородица 19 Богородица 19, Драма Категорија:Споменици на културата во Драма Богородица 19, Драма Богородица 19, Драма