Серски манастир „Св. Јован Претеча“ () или ретко Маргарит — женски манастир во Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирoт се наоѓа на 10 км северосзточно од градот Сер. Сместен е во подножјето на планината Сминица, во долината на Бродска Река. Југозападно од манастирот е Јоаникиевият мост кој води до главната манастирска порта. Тој мост е изграден во 1835 г. и денес е споменик на културата.
Историја мини|лево|Серскиот манастир на османлиска разгледница Манастирот е основан меѓу 1270 и 1275 г. од Јоаким, подоцна епископ на Зихна.
Во манастирот е погребан цариградскиот патријарх Генадиј II, кој на стари години се повлекол во манастирот и таму починал во 1473 г.Кънчов, Васил. Избрани произведения, Том I, София, 1970, стр. 178. Неговиот гроб се наоѓа во манастирската црква.
Во 1630 г. манастирот е живописан од зографи од Линотопската школа.
Се претпоставува дека иконостасот на манастирската црква е дело на мијачкиот мајстор Петре Филиповски - Гарката.
Според османлискиот дефтер од 1568-69 г. манастирот имал шест овоштарници, два маслинарника, 7 воденици, три чифлика, куќи и 18 продавници во Сер, како и неколку куќи, овоштарници, маслинарници и зимски пасишта во областите на Зихна, Солунско и Мадемско.Кил, Махиел. Изкуство и общество в България през турския период, София 2002, с. 121.
Во 1845 г. рускиот славист Виктор Григорович го посетил Серскиот манастир и во „Очерк путешествия по Европейской Турции“ запишал дека зад грчкиот јазик монасите го прикриваат своето македонско потекло.Користејќи ги поимите „бугарски“ и „бугарско“ под влијание на бугарската пропаганда и соодветната грчка пропаганда која го нарекува словенското население „бугарско“, бидејќи поимот „македонски“, според нив, им припаѓа на Грците. Манастирската библиотека е добро уредена, но словенските книги се изгорени. Во тоа време манастирот бил ставропигијален, а богослужбата се одвивала на грчки јазик.Викторъ Григоровичъ. „Очеркъ путешествія по Европейской Турціи“. Москва, 1877, с. 122.
Многу од монасите на манастирот во минатото биле Македонци, а во манастирското училиште се образувале македонски деца од околните села. Затоа Македонците го сметале манастирот за свој и го дарувале. Тука меѓу монасите најрано се разбудила словенската националната свест во Серско, до тој степен што серскиот митрополит Неофит го нарекол „огниште на панславизмот“. Според истиот владика „ во манастирот биле словеногласни, а едвај се Грци“.Иванов, Йордан. Българите в Македония. София, 1986, (фототипно издание), стр.368. Во XIX век манастирот бил едно од најважните духовни центри во Источна Македонија.Документи за българското Възраждане от архива на Стефан И. Веркович 1860-1893. София, 1969, стр. 451.
Во 1870 г., по решение на грчката управа, директорот на главното грчко училиште во Сер се замонашил под името Христофор со цел да ги контролира приврзаниците на словенството во манастирот. Организирал грчко образование и воспитание на македонските деца од околните села и му се спротивставил на игуменот Дионисиј од Горно Броди.Райкова, Ана. Стефан Веркович и българите. Доклади до сръбското правителство (1868-1875), София, 1978, с. 167-171. Во писмо од 26 јануари 1873 г. до патријархот Антим IV, монасите во манастирот ја искажале својата намера црврсто да се придржуваат кон елинизмот и како „доказ за нивниот максимален филелинизам“ го наведуваат фактот дека во манастирот работи грчко училиште во кое учат над 40 деца од околните македонски села
мини|десно|270п|Серскиот манастир на гравура од 1864 г. Во 1878 г. митрополитот Натанаил Серски го истерал проигуменот Дионисиј] и го заплашувал игуменот Теодосиј Гологанов.Кирил патриарх Български. Българската екзархия в Одринско и Македония след Освободителната война 1877-1878. Том първи, книга първа, стр. 354. Во 1889 г. Стефан Верковиќ („Топографическо-этнографическій очеркъ Македоніи“) забележал дека во манастирот живееле 60 монаси и 60 лица манастирска прислуга. Големата црква на манастирот била изградена со средства на македонските христијани од околните села.
Георги Стрезов во 1891 г. вели дека манстирот има 25 монаси.
По потпаѓањето под Грција во 1913 г. грчката власт почнала да ги брише сите словенски натписи во него.
Според Антон Попстоилов во 1916 г. во манастирската библиотека се чувале четири пергаментни хрисовули на грчки јазик од царевите Андроник II и Андроник III Палеолог, 100 пергаментни ракописи со верска содржина, 200 хартиени ракописи, неколку кондики, многу старопечатни книги, преписи на султански фермани, препис на хрисовул од царот Стефан Душан, два хронографи од 1611 и 1626 г. и други на број 1.500 примероци. Меѓу ракописите повеќе немало ниту еден словенски раскопис.Научна експедиция в Македония и Поморавието 1916, Военноpublisherски комплекс „Св. Георги Победоносец“, Университетско publisherство „Св. Климент Охридски“, София, 1993, стр. 320.
Во 1962 г. манастирот е прогласен за заштитен споменик на културата. Во 1991 г. за заштитени се прогласени и манастирскиот аквадукт, неговите мостови, двете градби западно од манастирот и параклисите „Св. Петка“, „Св. Архангели“, „Рождество на пресв. Богородица“, „Успение на пресв. Богородица“ и „Св. Бессребреници Кузман и Дамјан“. Во 1993 г. во списокот се додадени училиштето, библиотеката, кулата и дворот.
На 13 декември 2010 г. во Серскиот манастир избувнал стихиен пожар, причинувајќи штети од 2.000.000 евра.
Галерија
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Надворешни врски
„Серскиот манастир еден најубавите манастири во Македонија“ , Тихомир Каранфилов, Македонска нација Сказанiе о началѣ и настоящемъ положенiи ставропигиальнаго монастиря Св. Iоанна Предтечи въ Серрескiй епархiи въ Македонiи. Издано Архимандритомъ Исаiемъ, Санкт Петербург, 1864 Опис на манастирот од Васил К’нчов од 1891 г.
Категорија:Манастири во Сер (општина) Категорија:Манастири во Серско-нигритската епархија Категорија:Цркви во Сер (општина) Категорија:Цркви во Серско-нигритската епархија Категорија:Споменици на културата во Сер (општина) Категорија:Појавено во 1270 година Категорија:Појавено во 1275 година Категорија:Дела на Дебарската школа