Света Петка () — црква во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Црквата е парохиски храм на селото.
Архитект на црквата е Андреја од Костур, кој ја изградил и „Св. Атанасиј“ во Довишта. Храмот е подигнат на местото на старата црква „Св. Недела“. Изградена е во три фази. Прво е изграден жртвеникот, потоа главнината на храмот нартексот, така добивајќи трикорабна базилика. Црквата е отворена на 20 октомври 1805 г. според натписот на плоча. Се чува и султанскиот ферман за неа од 17 септември 1805 г.
Во парохијата влегуваат и црквите „Св. Дух“, „Св. Недела“ и „Св. Константин“.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Петка, Везник Петка, Везник Категорија:Појавено во 1805 година