Свети Архангели () — црква во селото Мелникич, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Црквата е парохиски храм. Претставува трикорабна сводеста базилика со апсида на исток. Во 1965 г. е додаден дополнителен простор на запад, кој првично бил канцеларија, а потоа е претворен во нартекс. Во 2006 г. е додаден и трем.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Архангели, Мелникич Архангели, Мелникич Категорија:Појавено во 1856 година