„Смешна девојка“ (англиски: Funny Girl) — филм од 1968 година, режиран од Вилијам Вајлер (William Wyler) по сценариото на Изобел Ленарт (Isobel Lennart), засновано врз нејзината книга. Всушност, филмот претставува екранизација на истоимениот мјузикл од 1964 година во кој, исто така, играла Стрејсенд. Главните улоги ги играат: Барбра Стрејсенд (Barbra Streisand), Омар Шариф (Omar Sharif) и Кеј Медфорд (Kay Medford). За својата улога, Стрејсенд била наградена со „Оскар“ за најдобра женска улога, како и со повеќе други награди. Филмот се смета за еден од најдобрите филмски мјузикли во историјата.Filmovi Barbre Streisand: Smiješna djevojka, američki film (1968.) - Zlatno doba Hollywooda (пристапено на 19.6.2022)

Синопсис Во филмот се прикажува животот на славната американска комичарка и забавувачка од почетокот на 20. век, Фани Брајс (ја игра Стрејсенд). Најпрвин е прикажан нејзиниот пат до славата, како една од девојките на Зигфилд, а потоа и останатиот дел од нејзината кариера, особено односот со претприемачот и комарџијата Ник Арнстајн (го игра Шариф).

Наводи

Категорија:Американски филмови Категорија:Филмови на Вилијам Вајлер Категорија:Филмови на англиски јазик Категорија:Филмови од 1968 година Категорија:Филмови со Барбра Стрејсенд Категорија:Филмови со Омар Шариф Категорија:Филмови со Кеј Медфорд Категорија:Мјузикли