Бранислав Нушиќ (; , - , ) — српски комедиограф, сатиричар и критичар. Работел и како новинар и дипломат.
Биографија мини|лево|Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански во весникот Политика, 21 јули 1908
Нушиќ е роден како Алкибијад Нуша () со татко Ѓорѓе (Георгијас) кој бил Влав од битолското село Магарево и мајка Љубица, Србинка од Босна. Татко му бил Влав преселен од битолското село Магарево. Се школувал во Смедерево, Белград, а една година поминал и во Грац. Како ученик започнал да пишува под псевдонимот Алкибијад Нушиќ, студирал право, но најмногу од се го привлекувала драмската уметност. Рано го заинтересирале негативните страни на извесни појави во општеството, на кој реагирал од позицијата на опозиција на тогашниот Обреновиќевски режим, за што почувствувал извесни консеквенции: за сатиричната песна „Два раба“ бил изведен пред суд, одлежувајќи една година во затворот во Пожаревац. А за да биде парадоксот поголем - веднаш по издржувањето на казната бил испратен во дипломатска служба од оние што го затвориле во затвор.
Поставен бил за писар во конзулатот а потоа и за конзул во Битола (каде и се оженил во 1893 година). Работел и во Солун и Сер, учествувајќи и самиот во подготовките за ширење на српската пропаганда во Македонија. На југот на Србија и во Македонија поминал цела деценија. Во 1900 година, тој бил поставен за секретар на Министерството за просвета на Србија. Во 1912 година, тој се вратил во Битола и во периодот 1912-1913 година, тој бил началник на Битолскиот Округ. Учествувал во основањето на Народниот театар во Битола. Во 1913 година, тој го основал и театарот во Скопје, каде живеел до 1915 година. Ја напуштил државата, заедно со српската војска, во текот на Првата светска војна и живеел во Италија, Швајцарија и Франција до крајот на војната.
По завршувањето на Првата светска војна, тој се вратил во Белград на работа во Министерството за просвета.
Творештво
Негови најпознати дела се комедиите „Сомнително лице“, „Протекција“, „Народен пратеник“, „Госпоѓа министерка“, „Кнезот од Семберија“, „Белград некогаш и сега“ и други. Наводи
Надворешни врски
Интервју на Бранислав Нушиќ со Јане Сандански за белградска "Политика" 1905 г. „Кој е Нушиќ и каква е неговата „врзаност“ со Македонија“, Лилјана Мазова, 7 март 2016 г. „Бранислав Нушиќ и Скопје“
Категорија:Српски драматурзи Категорија:Српски комедиографи Категорија:Српски сатиричари Категорија:Српски критичари Категорија:Луѓе од Белград Категорија:Српски писатели Категорија:Академици на САНУ Категорија:Апсолвенти на Белградскиот универзитет Категорија:Носители на Орденот на Свети Сава Категорија:Погребани на Новите гробишта (Белград) Категорија:Македонски Власи Категорија:Луѓе со потекло од Магарево Категорија:Почесни граѓани на Битола Категорија:Битолски Округ