Залцберген () — општина во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, околу 25 километри јужно од градот Линген и 10 километри северозападно од градот Рајне.

Во него се наоѓа најстарата нафтена рафинерија, отворена во 1860 година.

Географија Местоположба

Општината се наоѓа во јужниот дел на округот на реката Емс. Се наоѓа на границата со вестфалскиот дел на Северна Рајна-Вестфалија и недалеку со границата со Холандија.

Соседни општини

Залцберген на север се граничи со општината Емсбирен, на исток со општинската заедница Шпеле, на југ со градот Рајне и општините Нојенкирхен и Ветринген во округот Штајнфурт во Северна Рајна-Вестфалија и на запад со општинската заедница Шитторф во Грофовијата Бентхајм.

Општински единици

Општината има три единици: Холстен-Бекстен, Хумелдорф и Штајде.

лево|160п Холстен-Бекстен Хумелдорф Залцберген Штајде

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Емсланд Категорија:Општини во Долна Саксонија