десно|мини|333x333пкс десно|мини|250x250пкс| Кујунџија во Тунис мини|250x250пкс| Сцена од претставата Зона Замфирова од 1924 година со приказ на кујунџиски дуќан. Кујунџија — стар назив за занаетчија златар, кој изработува или менува (модификува) накит и ситни украсни предмети од злато, сребро и други благородни метали. Овој занает е всушност еден вид уметност бидејќи се прават мали украсни предмети за што е потребно: инвентивност, умешност и прецизност. Порано се користеле едноставни алатки и работата најчесто се работела со рака. Во последно време, модерната технологија се користи за обработка на материјали и изработка на украси. Кујунџиите во својата работа користат и разни видови скапоцени камења. Најчести производи на овие занаетчии се: прстени, бурми, обетки, шноли, брошеви, ѓердани, гривни и слично.
Гравирање Покрај изработката на украсни предмети, кујунџиите се занимаваат и со гравура, со гравирање на букви, зборови или цели цртежи на нивните производи (или на производот што им се носи). Во последно време, златарите се занимаваат и со украсување на рачни и џебни часовници или метални запалки. Покрај изработката и обработката на украси и накит, златарите од неодамна се занимаваат и со позлатување или посребрување на накит или некои други предмети. Во кујунџиската работилница или златара, освен изработка на накит, се врши и откуп на стар или искршен накит или купуваат стари сребрени или златни монети (купениот материјал подоцна се користи за преработка и изработка на нови предмети).
Во минатото, кујунџиите ги продавале своите производи на панаѓури и собори или на пазар кога било пазарен ден.
Кујунџиски занает во Македонија Овој занает бил застапен речиси во сите градови во Македонија. Особено бил застапен во Струга, понатаму во Охрид и Дебар. За овој факт сведочи и бројот на кујунџиско-златарските работилници. Старите мајстори, многу убаво и уметнички, успевале кованите метали од злато и сребро да ги обработуваат и да им даваат лик со мотиви од религијата, митологијата или секојдневниот живот. Нивните изработки засекогаш останувале како уникатен примерок. Во овој занает ретко можело да се најдат повеќе примероци со исти мотиви бидејќи специјални „калапи“ за тоа не постоеле. Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско- Струшкиот регион, 1918-1970, стр. 92-93 лево|мини|351x351пкс|Сачбој - невестински накит од с. Галичник, НУ Музеј на Македонија Кујунџиските производи подеднакво ги купувале и носеле Македонци и Турци, православни, католици и муслимани, стари и млади, жени, мажи и деца. Меѓу двете војни, главни потрошувачи биле жените од селата, а во летниот период и туристите за кои кујунџиските дуќани и работилници претставувале атракција. Кујунџиите и нивните изработки нашле одраз и во народното творештво и народните песни. Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско- Струшкиот регион, 1918-1970, стр.93
Кујунџискиот занает високо бил вреднуван во селата на печалбарскиот Дримкол чие богатство на носијата се одликувало со голем раскош и разновидност. Младите и богатите семејства носеле накит со огромна вредност, а тежината за оној кој го носел претставувала вистинско мачење. Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско- Струшкиот регион, 1918-1970, стр. 93-34
Кујунџиски производи мини|336x336пкс|Пафти, сребро со позлата, од XVIII век, НУ Музеј на Македонија Кујунџиите изработувале крстови од сребро и злато, кандила за црквите и манастирите, разновиден накит (прстени, обетки, колани, гривни, нараквици, амајлии, пафти, огрлици, гердани), разни садови за домаќинство (лажици, сервиси за кафе), кутии за цигари, чибуци, како и гравирани сабји, пушки, пиштоли и друго. Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско- Струшкиот регион, 1918-1970, стр.93
Кујунџискиот занает во Скопје Во Скопје кујунџиско-златарскиот занает постоел уште пред доаѓањето на Турците. Кујунџиството претставувал занает кој барал многу време и трпение. Кујунџиите од оваа област изработувале накит за локалното население, а исто така и за населението од соседните области. Со нивниот накит се украсувала женската народна носија на Македонците. Главни потрошувачи на производите на кујунџискиот занает, вешто изработени златни и сребрени предмети, биле богатите турски семејства и поединци.
Во рамките на Стара скопска чаршија овој занает бил застапен со своја кујунџиска чаршија. Според турски документи, во 1834 година, како кујунџии во Скопје се спомнувале: Андреја, син на Михаил, Ставре, син на Стерјо, Анто, син на Петре, Атанас и Димитри.
Во XIX век во Скопје постоеле околу 20 кујунџиски работилници. Имало мајстори кујунџии кои се занимавале со изработка само на златни предмети, но по начинот на работа и по предметите коишто ги изработувале не се разликувале од останатите.Д-р Киро Дојчиноски, Занаетите и еснафите во Скопје, ММ Скопје 1996, стр.95- 96
Кујунџиите и оружјето Скопските кујунџии се занимавале и со богато и раскошно украсување на оружарските изработки. Сопственикот на оружјето се чувствувал погордо доколку имал што повеќе кујунџиски украси од злато и сребро на своето оружје. Според украсите се одредувала и вредноста на оружјето. Во Скопје кујунџии кои работеле на украсување на оружјето ги имало осум, од кои шест Власи и двајца Албанци. Д-р Павле Митрески, Занаетчиството во Охридско- Струшкиот регион, 1918-1970, стр. 94
Наводи
Категорија:Турцизми Категорија:Стари занаети