thumb|Хималајска мачка Хималајска мачка е раса или подраса на долговлакнеста мачка слична по типот на персиската, со исклучок на нејзините сини очи и нејзината пошарена боја, кои се добиени од вкрстосување на персиската со сијамската мачка . Некои здруженија за мачки ги класифицираат хималајските мачки како долговлакнеста под-раса на сијамски, или под-раса на персиски мачки. Историја
Здружението на љубители на мачки смета дека хималајската персиска мачка е варијација на бојата на персиската, наместо посебна раса. Поради бојата расата била именувана како „хималајска“: која упатува на бојата на хималајските животни, особено хималајскиот зајак . Се претпоставува дека долговлакнестите персиските мачки потекнуваат од мачката на Палас, Фелис манул, дива мачка која ја населувала Средна Азија и која е нема дамки или пруги и има многу долго меко крзно. Сепак, нема остеолошки или други докази за тоа и поверојатно е дека долговлакнестите домашни мачки се резултат на вештачка селекција од страна на луѓето.
Сè уште се вршат истражувања за да се откријат предците на хималајските мачки. Пример за ова истражување и експериментирање е следново: Ретка варијанта на боја на американскиот визон ( Neogale vison ),е откриена на ранч во Нова Шкотска и означена како сорта „мермерна“, и таа носи карактеристичен пигмент што наликува на некои други видови, на пр., сијамската мачка и хималајскиот глушец.
Експериментите за воспоставување на раса со комбинирани персиски и сијамски особини, започнало во Соединетите Држави во 1930-тите на Универзитетот Харвард, под терминот сијамска – персиска, а резултатите биле објавени во Весник на наследонста во 1936 година., First page is available online at http://jhered.oxfordjournals.org/cgi/pdf_extract/27/9/339/ но мачките не биле признати како посебна раса од ниту една голема група на љубители на мачки во тоа време. Брајан Стерлинг-Веб независно од ова истажување, сам направил вкрстување, кое траело во период од десет години во Обединетото Кралство, а во 1955 година таму новата раса на мачки бил призната како Долговлакнеста шарена мачка од страна на Управниот совет на убави домашни мачки
Одгледувачот на мачки од Калифорнија, Жан Мил, кој посетувал серија постдипломски часови по генетика на Универзитетот во Калифорнија, Дејвис, исто така правел вкрстување на овие две раси и тој бил еден од тројцата одгледувачи на мачки кои сами, независно ги вкрстувале персиските и сијамските за да ја создадат хималајската мачка.
Одделни напори за размножување со седиште во САД започнале околу 1950 година, и еден одгледувачка на мачки познат на изворите едноставно како г-ѓа. Гофорт добила признание за нејзината работа од Здружението на љубители на мачки (ЦФА) кон крајот на 1957 година за Хималајските мачки . Раните одгледувачи биле претежно заинтересирани да додадат сијамска боја на долговлакнестите мачки, и затоа се обиделе да ја задржат доминацијата на персиската особина. Сепак, до 1960-тите, некои повторно воведувале сијамски гени при што имало помалку мачки во „персиски стил“, Во 1980-тите, заедничките напори за повторно воспоставување на расата по формално персиски линии, на крајот направиле расата да биде сметана за персиска како варијанта во некои регистри (на пр. во 1984 година од страна на ЦФА).
Изглед лево|мини| 3-годишен хималајски мачор
Тело Како и персиските мачки, хималајските мачки имаат тенденција да имаат тркалезно тело и кратки нозе, што им отежнува да скокаат високо како другите мачки. Сепак, од 1960-тите, некои мачки имаат повеќе тело слично на сијамското, и затоа го немаат ова ограничување, но затоа пак може да не се прифатливи како расни мачки за изложба, во зависност од специфичните стандарди за раса на секоја организација посебно.
Глава Како и кај персиските, постојат два типа на хималајски мачки, традиционално лице или т.н кукла лице и пеке или ултра типизирано кое има поекстремни црти на лицето со смачкан изглед.
Хималајските мачки кои имаат сплескано лице исто како персиските мачки со пеке-лице имаат и многу големи, тркалезни очи со кожата на носот директно меѓу очите. Химелајските мачки чувани во домашни услови како миленичињата обично имаат подолг нос од мачките на изложби и исто така овие мачки чувани во домашни услови може да имаат подолга муцка и помали очи од мачките на изложбите. Сепак, сите три типа на мачки се хималајски.
Крзно
Сини шари на крзното: мачка чија сина боја на крзното е ограничена на: стапалата, ушите, опашката и на лицето."Cat glossary" . Iams.com. Retrieved on 23 October 2013. Шари на јоргован на крзното: разредена, посветла верзија на сината боја. Бојата на телото е побела и посветла отколку на мачка со сина боја. Кафеави шари на крзното: Впечатлива кафеава боја на крзното. Чоколадни шари на крзното: Чоколадно кафеава боја на лицето, ушите, опашката и нозете која се разликува од потемната кафеава боја. Бојата на телото е побела и посветла. Една разлика помеѓу чоколадното крзно и кафеавато крзно е бојата на шепите. Мачките со чоколадно крзно ќе имаат розови шепи, додека мачките со кафеаво крзно ќе има темно кафеави шепи. Црвени или огнени шари на крзното: ако двете мачки се со сина, кремаста или сино-крем боја на крзно, потомството не може да има црвени шари на крзното. Крем шари на крзното: пламен и крем боите на крзно може да бидат многу блиски. Бојата на телото е побела и посветла отколку на кафеавата мачка.
Најголемиот дел од крзното на хималајските мачки е бело или крем, но шарите доаѓаат во многу различни бои: црни шари, сини шари, во боја на јоргован, чоколадни, црвени (пламен) и крем шари. Шарите исто така, може да бидат во боја на Таби, рис или желка.
Мачките со чоколадни шари и шари на јоргованот се најретки, бидејќи и двајцата родители мора да го носат генот за чоколадно/јоргован шара за да произлезе маче со овие шари, бидејќи одликата е автосомно рецесивна .
Здравје Поради нивното персиско потекло, некои хималајки мачки може да го имаат генот што предизвикува полицистична бубрежна болест (ПББ), сепак, генетскиот тест може да открие кои мачки го носат генот ПББ, така што тие можат да бидат стерилизирани со цел во иднина да се спречи ширење на овој ген.
Како и сите долговлакнести мачки, хималајските мачки треба секојдневно да се четкаат за да се одржува крзното и тоа да изгледа добро и здраво. Покрај тоа, можеби ќе треба секојдневно да им се брише и чисти лицето, во зависност од мачката. Некои љубители на хималајски мачки препорачуваат и често капење, за да се намали количината на масло на крзното и кожата на мачката.
Наводи
Надворешни врски
Раса на хималајски мачки Статија за раса на хималајско-персиски CFA
Категорија:Мачешки раси