Анас Ал Калифа (роден 1993 година) е паракануист, кој што се натпреваруваше за Параолимпискиот тим за бегалци на Летните параолимписки игри 2020 година . Роден е во Сирија,тој сега живее во Германија.
Личен живот Ал Калифа бил роден во 1993 година во Хама, Сирија. Тој ја напуштил замјата поради сириската граѓанска војна. Тој живеел во логор за интернација две години, пред да побегне во Турција во 2014 година. Подоцна патувал низ Грција,и во август 2015 година, Ал Калифа пристигнал во Германија, каде што се вработил во фирма за инсталирање сончеви плочи. Живеел во Хале,Германија.
Ал Калифа во 2018 г. го скршил грбот во несреќа на работното место и бил врзан за инвалидска количка. Неговиот брат бил убиен во Сирија во 2020 година
Кариера Тренер на Ал Калифа била поранешната олимпијка Огњана Душева, а тренирал во . Почнал да тренира во 2019 година во затворен базен. Во април 2021 година, тој не успеа да се квалификува за германскиот тим за паракано за одложените Летни параолимписки игри 2020 година. Во мај 2021 година, се натпреварувал на настанот на Светскиот куп во паракано во Сегед, во Унгарија, а подоцна во годината се натпреварувал и на Европското првенство во кану спринт 2021 година, каде што го победл своето лично најдобро време за повеќе од пет секунди.
Во јуни Ал Калифа 2021 година, бил пријавен во Параолимпискиот тим за бегалци на Летните параолимписки игри 2020 година. Тој се натпреварувал во дисциплините KL1 и VL2, завршувајќи ги на шестото место на двата натпревари. Завршил деветти во генералниот пласман во настанот KL1 и бил петти и последен во неговото полуфинале VL2 Подоцна во годината, Ал Калифа бил петти во дисциплината KL1 на Светското првенство во кану спринт на МКФ во 2021 година . На првенството се натпреварувал за Германија.
Наводи
Надворешни врски
Anas Al Khalifa at the International Canoe Federation Team Deutschland Profile
Категорија:Статии со извори на германски (de) Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Статии со текст на германски Категорија:Бегалци Категорија:Параолимписки игри