Анџелина Надаи Лохалит (родена 1993 година, заведена како 1 јануари) е атлетичарка по потекло од Јужен Судан, но сега живее и тренира во Кенија. Таа се натпреваруваше како дел од Олимпискиот тим за бегалци на Летните олимписки игри 2016 година.

Ран живот Лохалит е родена во Јужен Судан. Таа и нејзиното семејство се криеле за да не бидат пронајдени за време на рациите. Во 2001 година, кога Лохалит имала осум години, таа морала да го напушти својот дом кога нејзината земја била зафатена од граѓанска војна и насилството го опфатило нејзиното село со нагазни мини кои биле пронајдени во близина на нејзиниот дом. Таа била одвоена од нејзините родители бидејќи нејзините родители ја испратија во Кенија од безбедносни причини. Таа пристигнала во северна Кенија во 2002 година, сместувајќи се во бегалскиот камп Какума . Бегалскиот камп Какума е еден од најголемите бегалски кампови во светот со над 179.000 луѓе. Додека посетувала основно училиште во кампот, таа започнала со трчање.

Кариера И покрај победите на различни училишни натпревари, дури кога професионалните тренери дошле во Какума за да одржат селекциони испитувања за посебен тренинг камп, откриле колку е добра таа. Лохалит била избрана да тренира под водство на олимписката шампионка и маратонка Тегла Лорупе во нејзината спортска фондација во Најроби. Овде, тркачката на 1500 метри тренирала со уште четворица тркачи од Јужен Судан кои учествувале во олимпискиот тим за бегалци во Рио 2016 кој е избран од Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) да се натпреварува за Олимпискиот тим за бегалци во категоријата за жени на 1500 m на Летните олимписки игри 2016 година во Рио де Жанеиро, Бразил. Лохалит се пласираше на 40то место од 41 тркач во првото коло од настанот со време од 4:47.38. Таа не напредувала.

Лохалит се надевала дека преку успехот во трчањето ќе може да им помогне на своите родители кои не ги видела од својата 8-та година.

Натпревари Претставник на Атлетичарите бегалци2016Олимписки игриРио де Жанеиро, Бразил40та (h)1500 m4:47.382017Светскi првенствaЛондон, Обединето Кралство43та (h)1500 m4:33.542021Олимписки игриТокио, Јапонија14та (h)1500 m4:31.652022Светско првенство во салаБелград, Србија19та (h)1500 m4:34.72Африканско првенствоПорт Луис, Маврициус16та (h)800 m2:19.2910та1500 m4:33.74

Наводи

Надворешни врски

residenceAnjelina Lohalith Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1993 година Категорија:Олимписки игри Категорија:Атлетика Категорија:Бегалци