Ринеја (Ρήνεια), антички Ренеја () или Ренаја (Ῥηναῖα), или Рена (Ῥήνη), — грчки остров на Кикладите. Се наоѓа веднаш западно од островот Делос и понатаму југозападно од островот Миконос. Ринеја е административно дел од Миконос, исто како што е и Делос. Неговата површина е 14 км2. Имал малку население до 1980-тите, но, моментално островот е ненаселен.
Во античко време, островот бил покорен од тиранинот Поликрат од Самос и бил посветен на Делискиот Аполон. Јужната половина на островот била некрополата Делос. Во шестата година од Пелопонеската војна (426 пр.н.е.), Атињаните го прочистиле Делос. Тие ги отстраниле сите гробници од островот и забраниле умирање на Делос на религиозна основа. Било прогласено дека отсега е незаконско било кое живо суштество да се роди или да умре на Делос, и дека секоја трудница треба да биде пренесена на островот Ренеја за да се породи.
Наводи
Надворешни врски Официјална веб-страница на општина Миконос (in English and Greek)
Категорија:Киклади Категорија:Острови во Грција Категорија:Координати на Википодатоците Категорија:Острови Категорија:Егејско Море Категорија:Членки на Делскиот сојуз