Линген (службено наречен: Линген (Емс); или Lingen (Ems)) — град во округот Емсланд, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на реката Емс, непосредно на самата граница со Холандија.

Географија Местоположба

Линген се наоѓа во јужниот дел на округот Емсланд. На источниот брег на Емс се наоѓа Лингенер Хее.

Градски единици

Градот Линген (Емс) се состои од историското градско јадро, Стариот град и градските единици Ројшберге, Штрот, Дамашке, Хојкампс-Танен - Телгенкамп, како и десет места кои некогаш биле самостојни општини: Алтенлинген, Бакум, Брамше, Брокхаузен, Брегберн, Клузорт-Брамхар, Дарме, Холтхаузен, Лакстен и Шепсдорф.

Алтенлинген со Вахендорф Бакум Брамше Брокхаузен Брегберн Клузорт-Брамхар Дарме Холтхаузен-Бине Лакстен ШепсдорфKarte des Stadtgebiets Lingen (Ems)|300п

Соседни општини

Линген се граничи на север со Гесте и Бавинкел, на исток со Ланген, Туине и Месинген, на југ со Лине и Емсбирен, како и на запад со Витмаршен.

Клима

Климата во Линген има годишна просечна температура од 9,3 °C и просечни врнежи од 789 милиметри.

Во градот била измерена рекордна највисока температура во рамки на Германија со дневна температура од 42,6 степени целзиусови во текот на топлотниот бран во јули 2019 година.

Политика Градски совет

Градскиот совет се состои од 42 избрани членови, што одговара за градови со број на жители помеѓу 50.001 и 75.000 жители.Niedersächsisches Kommunalverfassungsgesetz (NKomVG) in der Fassung vom 17. Dezember 2010; § 46 – Zahl der Abgeordneten , abgerufen am 28. Dezember 2016. Членовите се избираат на општи избори на секои пет години.

На последните општински избори на 12 септември 2021 година биле добиени следниве резултати:

CDU: 20 SPD: 8 BN: 4 Зелени: 6 FDP: 3 FWL: 1

Градски директори

За време на периодот на двојно административно управување (1945–2000), градот ги имал следниве градски директори:

1945–1946: Клеменс Бракман 1946–1954: Алфонс Мајнка 1954–1967: Хајнрих Пелц 1967–2000: Карл-Хајнц Феринг

Градоначалник

Градоначалници на Линген биле:

1933–1941: Ерих Плесе (NSDAP) 1946–1951: Јулиус Ландцетел 1951–1968: Роберт Коп (CDU) 1968–1988: Ханс Клукерт (CDU) 1988–1995: Бернхард Нојхаус (CDU) 1995–2000: Урзула Рамелов (CDU) 2000–2010: Хајнер Пот (CDU) од 2010: Дитер Кроне (незавинсе)

Збратимени градови

Линген (Емс) е збратимен со следниве градови:

Бартон на Трент, Велика Британија (од 1982 г.) Бјелава, Полска (од 1993 г.) Мариенберг, Германија (од 1996 г.) Салт, Шпанија (од 1998 г.) Елбоф, Франција (од 2004 г.)

Познати луѓе

Еберхард фон Данкелман (1643–1722) — премиер на Бранденбург-Прусија од 1692 до 1697 Теодорус Јакобус Фрелингхујзен (околу 1691 – околу 1747) — германско-американски холандски свештеник и теолог Конрад Бекхаус (1821–1890) — свештеник и ботаничар Јозеф Роземајер (1872–1919) — велосипедист Хермс Нил (1888–1954) — композитор Бернд Роземајер (1909–1938) — возач на спортски автомобили Хари Крамер (1925–1997) — вајар, кореограф, танчер Беатрикс Борхард (р. 1950) — музиколог и автор Петер ван Роје (р. 1950) — веслач Рајнхолд Хилберс (р. 1964) — политичар Јенз Гизеке (р. 1971) — политичар Кристијан Дростен (р. 1972) — виролог

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Емсланд