Химната на Тунис или правилно Хумат ал-Хима (, „Бранителите на домовината“) ― државната химна на Тунис; текстот го напишале Мостафа Садек Ал-Рафеие и Абул-Касим ал-Шаби.
Историја Текстот доаѓа од песна напишана во 1930-тите од египетскиот поет роден во Либан, Мостафа Садек Ал-Рафеие. Иако некои велат дека мелодијата е компонирана од Мохамед Абдел Вахаб, тунискиот музиколог Салах Ел Махди тврди дека мелодијата е компонирана од поетот Ахмед Кеиредин додека првичната музика за поемата ја компонирал Закарија Ахмад.Students of the World
Последните стихови од текстот биле напишани од Абул-Касим ал-Шаби. Според Ел Махди, овие стихови биле додадени на текстот во јуни 1955 година од националистот Монги Слим.
Позната како „Химна на револуцијата“, таа била пеена за време на состаноците на владејачката партија, Нео Дестур, која подоцна го променила своето име во Социјалистичка дестуристичка партија. „Хумат ал-Хима“ била привремено користена како државна химна помеѓу крајот на монархијата на 25 јули 1957 година, кога го заменила „Салам ал-Беј“ и 20 март 1958 година, кога била заменета со „Ала Калиди“. „Хумат ал-Хима“ подоцна била вратен повторно по државниот удар што го донесе Зин Ел Абидин Бен Али на власт на 7 ноември 1987 година.
Текст Во прилики за кои е потребна краткост, се пее кратка верзија составена од рефренот, третиот стих (не се повторува) и повторно рефренот. Арапски изворно Арапска транслитерација Транскрипција на МФА Македонски превод О бранители на домовината! Собирете се кон славата на нашето време! Крвта се бранува во нашите вени, Умираме за доброто на нашата земја.
I Нека рикне небесата со гром Нека врнат грмотевици со оган. Мажите и младите од Тунис, Станете за нејзината моќ и слава. Нема место за предавници во Тунис, Само за тие што ја бранат! Живееме и умираме верни на Тунис, Достоинствен живот и славна смрт.
II Како народ ние наследивме Оружје како гранитни кули. Држејќи го горе нашето гордо знаме се вее, Ние се фалиме со тоа, тоа се фали со нас, Оружје што постигнува амбиции и слава, Сигурно ќе ги оствариме нашите надежи, Нанесете пораз на непријателите, Понудете им мир на пријателите.
III 𝄆 Кога народот сака да живее, Судбината сигурно мора да одговори. Угнетувањето тогаш ќе исчезне. Оковите сигурно ќе се скршат. 𝄇
Забелешки
Наводи
Надворешни врски
Тунис: Хумат ал-Хима – Аудио од државната химна на Тунис, со информации и текстови (врска од архивата)
Категорија:Статии со микроформати hAudio Категорија:Композиции на државни химни во Ас-мол Категорија:Африкански химни Категорија:Државни симболи на Тунис Категорија:Туниска музика Категорија:Композиции во ас-дур