Воведение на Пресвета Богородица () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија. Има улога на парохиски храм.

Историја Црквата е сместена на улица „Бизани“ бр. 3. Во неа се чува стара чудотворна икона на Богородица, донесена од грчките доселеници од Бурсенско, Турција во 1922 г. До 1947 г. иконата ја чувала Деспина Демироглу Хидериду. Таа година на една учителка ѝ се јавила Богородица, која ѝ го покажала местото каде треба да ѝ се подигне црква. Така, во 1947 – 1948 г. е подигната првата црква. Во 1967 г. е изграден поголем храм, но и таа се срушила поради лошата ѕидарија. На 24 јуни 1998 г. е осветен камен-темелникот на денешната црква. На 12 октомври 2003 г. станала парохиски харм, а пред тоа била параклис на „Св. 40 Маченици“.

Градбата претставува трикорабна базилика со облик на буквата П. На исток завршува со два параклиса, посветени на Свети Ѓорѓи и Свети Максим Омологит.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Богородица Воведение Богородица, Сер Категорија:Појавено во 1998 година