Свети Константин и Елена () — црква во градот Сер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.

Историја Црквата е гробишен храм на Првите серски гробишта. Сместена е во североисточниот дел на градот, во маалото Катаконози. Според ктиторскиот натпис на вградена камена плоча, храмот е изграден во 1888 г. од Јоанис Папамаркидис и серскиот трговски еснаф.

Градбата е еднокорабна камена црква со ќерамиден покрив, голем полусвод и мала купола. Конхата на жртвеникот со киворовидни камења однадвор образува три лажни апсиди со прозорец по средината. Широки ѕидови со дополнително потпрени лакови го поддржвуаат сводот со купола одвнатре. Во 1965 г. е додаден нартекс. Високиот дрвен резбан иконостас има осум царски икони насликани од Јоанис Калиполитис и самиот е изработен во 1888 г. Под царските икони во ромбовидни рамки се претставени сцени од животот на Исус. На апостолскиот ред над царските икони се претставени Христос со Дванаесетте апостоли. Константинос Котикостас и Јанакодудис вршеле зографски работи во 1967 г. Во конхата на апсидата се Богородица Поширока од небесата и Трите Јерарси со Свети Спиридон. Претставата на Христос Седржител во куполата е постара. Фреските се обновени во 1995 г. Над западниот влез се претставени Дејзис и Св. Константин и Елена.

Во 2009 г. е отворен параклисот „Воскресение Христово“.

Поврзано Серско-нигритска епархија

Наводи

Константин и Елена Константин и Елена, Сер Категорија:Појавено во 1888 година