Китан Петров Ангелков (1793 - 1866) — македонски градител и копаничар, претставник на Дебарската школа.
Живот и дела Роден е во 1793 година, во мијачкото велешко село Папрадиште, во големиот градителско-зографски род Ангелковци. Татко му Петар и дедо му Ангелко исто така биле градители и копаниачри. Китан предводел своја тајфа од 50-60 лица и градел цркви, манастирски конаци и други градби. Се занимавал со копаничарство, а потоа станал и иконописец. Негово дело се разни цркви во Бер и Воден и една од црквите во Сер. Црквите „Св. Ѓорѓи“ во Шемолтос, „Св. Троица“ во Муклен и „Сретение Господово“ во Јениџе исто така се негови дела. Автор е на црквата „Св. Димитриј“ во Крива Паланка. Му помагал на Дамјан Јанкулов Рензовски при изградбата на црквата „Св. Благовештение“ во Прилеп, завршена во 1838 г. Китан Петров е автор на градбата, иконостасните резби и иконите во Слепченскиот манастир.
Починал во 1866 година, во родното село.
Родословие
Поврзано Дебарска школа Македонска резба Ангелковци (папрадишки род)
Наводи
Категорија:Македонски копаничари Категорија:Македонски архитекти Категорија:Македонски иконописци Категорија:Родени во 1793 година Категорија:Починати во 1866 година Категорија:Ангелковци (папрадишки род) Категорија:Претставници на Дебарската школа Категорија:Луѓе од Папрадиште (Велешко) Категорија:Починати во Папрадиште (Велешко)