Свети Константин () — манастир во селото Везник, Серско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Серско-нигритската епархија на Цариградската патријаршија.
Манастирот е изграден на истоимениот рид во јужниот дел на селото. Според натписот на вградената плоча над западниот влез, храмот е подигнат во 1872 година. Негов Ктитор е Георгиос Васаку Апостолу. Според друг натпис лево од иконостасот, црквата е обновена и проширена во 1877 г. од монахот Герман. Црквата има две елипсовидни куполи на правоаголни столбови и лакови. Жртвеникот е покриен со свод. Иконостасот има мермерна основа, а нагоре е резбан во дрво. Во храмот има вредни икони од XIX век.
Поврзано Серско-нигритска епархија
Наводи
Константин, Везник Константин, Везник Константин, Везник Константин, Везник Категорија:Појавено во 1872 година