1893  Во Солун, е основана Македонска револуционерна организација со цел ослободување на македонскиот народ од империјализмот и превласта на околните сили и остварување на неговите основни права на самостојност и идентитет. 1917  Кај местото Линевил, во Франција, американските сили ги почнаа првите борбени акции во Првата светска војна. 1942  Втора светска војна: Кај гратчето Ел Аламејн, во египетската пустина, британските сили ги нападнаа германско-италијанските позиции. По дванаесетдневни огорчени борби, германско-италијанските трупи беа уништени. Наскоро почна сојузничкото истоварување во Северна Африка. 1944  Втора светска војна: Во Филипинскиот Архипелаг се одигра најголемата поморско-воздушна битка. Во неа учествуваше целата јапонска флота и три четвртини од флотата на САД. Битката траеше до 25 октомври, кога поразените Јапонци го напуштија боиштето, со обострани големи загуби. 1944  Втора светска војна: Сојузничките држави ја признаа привремената влада на Франција што ја формира Шарл де Гол. 1954  САД, СССР, Велика Британија и Франција се спогодија да ја окончаат окупацијата на Германија. 1956  Започува Унгарската револуција против советската доминација во Унгарија. 1973  Израелската воена команда соопшти дека Израел и Египет се спогодиле да ги прекинат вооружените напријателства на Блискиот Исток. 1992  По едномесечна нафтена војна против Македонија, Грција го повлекува ембаргото. 23 октомври