Taftalidže shuffle (мак. Тафталиџе шафл) е шести соло албум на македонскиот гитарист Влатко Стефановски. Албумот го добил името по населбата Тафталиџе кај Скопје. Направен е во стилот на музиката од 1970-тите. Албумот содржи 9 песни и е издаден од Кроација рекордс.
За албумот Посебна вредност на ова издание дава освежувањето во споредниот бенд, кој го сочинуваат синот на Влатко, Јан Стефановски и Иван Кукиќ од Струмица. На албумот настапуваат најпопуларните музичари од регионот: Теодоси Спасов, Тихомир Поп Асановиќ, Матија Дедиќ, Васил Хаџиманов, Кирил Џајковски и многу други .
Првиот сингл од овој албум е песната Огледало, за која е направен и видео запис.
Турнеја Албумот беше промовиран во Белград, Загреб, Виена, Врсар, Сплит, Супетар, Шибеник, Трогир, Палиќ, Осиек, Панчево итн.
Наводи
Категорија:Албуми од 2020 Категорија:Албуми од 2020-тите