Берски манастир „Свети Јован Претеча“ (), познат и како Берски скит (Σκήτη Βέροιας) — манастир кај градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.
Географија мини|лево|Поглед на реката Бистрица од манастирот Манастирот е сместен на 12 км јужно од Бер во пазувите на планината Шапка, на десниот брег на реката Бистрица. Најблиско населено место е Варвара, кое се наоѓа на половина од Бер до манастирот.
Историја Манастирот веројатно е изграден во IX век. Во 1822 г. за време на Негушкото востание манастирот изгорен од Турците, и од него останал само параклисот „Св. Преображение“. Обновен е во 1830 г.
Во Берскиот манастир се чуваат мошти на разни светци како Јован Претеча, Лука Евангелист, Јован Златоуст и други.ΙΕΡΑ ΜΟΝΗ ΤΙΜΙΟΥ ΠΡΟΔΡΟΜΟΥ – ΣΚΗΤΗ ΒΕΡΟΙΑΣ Тука се чува и главата на Климент Охридски.
Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Цркви во Бер Категорија:Манастири во Бер (општина) Категорија:Манастири во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Цркви во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Дела на Дебарската школа