Ветрен (, до 1945 г. Вѣтренъ) — гратче во Пазарџичка област, во општината Септември, јужна Бугарија.
Географија и местоположба Градот Ветрен се наоѓа помеѓу височините кој се расположени источно од ридот Ветрен. Гратчето се наоѓа во близина на Паланката на излезот од превојот „Трајанови врата“ во Пазарџичкото Поле.
Историја Ветрен е постара населба дури од Пазарџик. Бил населен во праисториско време, за што сведочат праисториските тумби и пронајдените предмети. Се смета дека во периодот 1403-1421 година била создадена сегашната населба. Во минатото се одликува со многу имиња: Хисарџик, Ветрен, Ениќој и Ново Село.
Заедно со земјоделството и сточарството, во минатото делумно биле застапени и шумарството, занаетчиството и трговијата. Во историските книги стои дека Ветренци прво биле лозари, а потоа земјоделци и сточари. Тие биле меѓу најбудните жители на Пазарџичко. Околу 1840 година била изградена големата црква „Свети Никола“.https://www.septemvri.org/vetren.htm
Личности Страхил војвода - бугарски ајдутин и војвода од 17 век; Николај Пешалов - светски и олимписки шампион во кревање тегови. Наводи
Надворешни врзки Официјална веб-страница на општина Септември
Категорија:Градови во Бугарија Категорија:Населени места во областа Пазарџик