Свети Власиј () — средновековна црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата „Св. Петар и Павле“. Прогласен е за споменик на архитектурата.

Архитектура Оваа доцновизантиска црква е изградена на почетокот на XIV век како еднокорабна базилика со шестстрана апсида на исток. Малку подоцна на јужната страна е додаден портик. Во XVI век обликот му е радикално променет, кога се урнати делови од северната и целата западна страна, и на нивно место се направени два големи лака.

Живопис Храмот е живописан со вредни фрески во XIV, XVI и XVIII век. Првичните фрески се датирани околу 1320 г. и се наоѓаат на источниот ѕид на наосот, меѓу кои се истакнуваат оние на Богородица во полн раст со малиот Исус и два ангела, Благовештението, Вознесението, Рождеството Христово, Сретението Господово, како и на светецот-покровител Власиј во полн раст и сцени од неговиот живот. Многу фрески во средишниот кораб се од XVI век, а од XVII век се оние на северниот ѕид на наосот.

Галерија мини|центар|700п|Апостолски фриз, XIV век. Од лево надесно: Јаков, Андреј, Тома, Марко, Лука, Петар, Богородица, Христос и Јован Претеча, Матеј, Јоан, Вартоломеј, Симон и Филип

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Надворешни врски

Власиј Власиј, Бер Категорија:Споменици на културата во Бер