Рождество на Пресвета Богородица () — манастир кај селото Рахово, Берско, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија.

Географија Манастирот се наоѓа во долината на реката Бистрица, недалеку од селото Рахово. Наречен е и Калипетренски манастир според ридот Калипетра (тур. Џамала) на кој е сместен.

Историја Манастирот е еден од најстарите во регионот. Тоочната година на основање е непозната. Неговото постоење се споменува во документ од 1100 г. Во XVIII век доживеал расцут. За време на Негушкото востание во 1822 г. манастирот е уништен од Османлиите, а монасите биле убиени. Подоцна е возобновен. За време на Грчката вооружена пропаганда во Македонија бил база на андартите, па затоа во 1907 г. поранешниот игумен Ставри и игуменот Игнатиј се убиени. Во 1941 г. манастирот повторно изгорел, овојпат заради негрижа на овчар. Подоцна е обновен.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Категорија:Манастири во Бер (општина) Категорија:Цркви во Бер (општина) Категорија:Манастири во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Цркви во Берско-негушко-камбаниската епархија Категорија:Грчка вооружена пропаганда во Македонија