Пресвета Богородица Пројавена () — црква во градот Бер, Егејска Македонија. Влегува во состав на Берско-негушко-камбаниската епархија на Цариградската патријаршија. Храмот е дел од парохијата на „Св. Петар и Павле“ и се наоѓа до катедралата.

Црквата е подигната во XVI век. Градбата претставува трикорабна базилика. Наречена е по истоимената икона од XIII век, сместена во ѓаконикот. Бидејќи била парохиски храм, црквата претрпела мноштво интервенции и поголемиот дел од првобитните фрески се изгубени.

Поврзано Берско-негушко-камбаниска епархија

Наводи

Богородица Пројавена Богородица Пројавена, Бер