Свети Илија () — црква во солунското преградие Капуџилар, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Храмот е сместен во центарот на Капуџилар. Во неговата парохија влегуваат и црквите „Св. Теодор Тирон и Теодор Стратилат“, „Рождество на пресв. Богородица“ и „Три Светители“.

Првата црква на ова место е изградена на почетокот на XIX век. Поради брзиот развој на Капуџилар на почетокот од XX век, црквата е срушена и на нејзино место е подигнат анова. Изградбата започнала во 1926 година и на 28 ноември 1935 г. храмот е осветен од митрополитот Генадиј Солунски. Од старата црква останала единствено камбанаријата, изградена во 1854 г. и прогласена за заштитен споменик на културата. мини|лево|Страничен поглед Денешниот храм е трикорабна базилика со површина од 600 м2 и голема женска црква. Корабите се поделени со два реда столбови. Во 1980-тите храмот е проширен со додавање на надворешна припрата со површина од 200 м2 во која има два параклиса — „Пресв. Богородица Скоропослушница“ со стара чудотворна икона и „Св. Пантелејмон“ со стара икона на светецот. Наосот е живописан во 1990-тите, а женската црква во 2007 г. Во 2006 г. е позлатен иконостасот. Во 2012 г. започнало отстранувањето на надворешниот малтер и откривање на убавата тулена ѕидарија на храмот.

Од старата црква внатре се зачувани два мермерни капитела, владичкиот престол од 1837 г., голем проскинитар од 1902 г. и преку 100 икони со различни големини, автори и периоди, повеќето од ΧΙΧ век. Дел од иконите се сместени во парохискиот црковен музеј, а останатите се во припратата, на иконостасот, проскинитарите и параклисите на храмот.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Мрежно место на црквата

Илија, Капуџилар Илија, Капуџилар Илија, Капуџилар Категорија:Споменици на културата во Солун Категорија:Споменици на културата во Капуџилар-Хортач Категорија:Појавено во 1854 година Категорија:Појавено во 1935 година