мини|десно|250п|Илустрација на црквата од Мери Аделаид Вокер, 1864 г.
Свети Апостоли () — средновековна црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија. Во 1988 г. е прогласена за светско наследство на УНЕСКО како дел од Ранохристијанските и византиски споменици во Солун.
Местоположба Црквата се наоѓа на почетокот на улицата „Олимпос“, на истоимениот плоштад „Свети Апостоли“ близу западните градски ѕидови и урнатата Литиска порта.
Историја Храмот е изграден меѓу 1312 и 1315 г. од патријархот Нифонт I (1310 – 1314) како црква на машкиот манастир „Пресв. Богородица Скоропослушница“. Основачот е спомнат на надвлезниот натпис како „Πατριάρχης και κτήτωρ“ („Патријарх и ктитор“) и на керамопластичните натписи на западниот и јужниот ѕид. Натписот на источниот ѕид ги споменува истиот патријарх и неговиот ученик, игуменот Павле како прв и втор ктитор на манастирот.
Иконографијата во храмот е со висока уметничка вредност.
За време на османлиското владеење црквата е претворена муслимански храм под името „Соук-су џамија“.Papagiannopoulos, Apostolos. Monuments of Thessaloniki, Rekos ltd., 2015, p.73
Живопис
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Надворешни врски
Апостоли Апостоли, Солун Категорија:Светско наследство во Грција Категорија:Појавено во 1310-тите