Света Марина () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.
Храмот се наоѓа во населбата Горна Тумба, на истоимениот плоштад „Света Марина“. Градбата претставува трикорабна базилика со купола. Првиот храм, посветен на Света Марина, е изграден од малоазиските Грци доселени во 1922 г. и отворен е на 5 јуни 1927 г. од митрополитот Генадиј Солунски. Со порастот на наелението, црквата станала премала и решено е да се подигне нов храм. Камен-темелникот на новата црква е поставен на 11 април 1971 г. од митрополитот Леонид Солунски и истата е отворена на 20 септември 1987 г. од Пантелејмон II Солунски.
Внатре има икона Богородица Парамитиска, подарена од светогорскиот манастир Ватопед на 31 март 2006 г., како и мошти на Кузман и Дамјан, черепот на Света Елена Понтска, донесен во храмот од митрополитот Константин Серски. Во подрумот на црквата е параклисот „Св. Елена Синопска“ и има културен центар. Параклис на ова црква е и храмот „Св. Ѓорѓи“ сместен на крај Солунската обиколница.
Поврзано Солунска епархија
Наводи
Марина Марина, Солун Категорија:Појавено во 1987 година