ESO 593-8, која е позната едноставно како „Птицата“ (исто така ESO 593-IG 008 или IRAS 19115–212) ― група на заемоделувачки галаксии сместени во соѕвездието Стрелец, оддалечено 650 милиони светлосни години од Земјата. Таа е создадена со спојување на две спирални галаксии и една неправилна џуџеста галаксија. Добиената галаксија има големина слична на Млечниот Пат: околу 100.000 светлосни години. Галаксиите биле забележани со вселенскиот телескоп Хабл и биле објавени во април 2008 година. Европското јужно набљудувалиште исто така го користело Многу големиот телескоп за да ги реши фините поединости за галаксијата со употреба на прилагодлива оптика.
Наводи
Категорија:Заемоделувачки галаксии Категорија:Спирални галаксии Категорија:Стрелец (соѕвездие) Категорија:Џуџести галаксии