Свети Пантелејмон () — црква во солунското предградие Арсакли, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа на улица „Фармакис“ бр. 27 во маалото Номос 751. Камен-темелникот на храмот е поставен на 15 септември 1997 г., а црквата е отворена на 15 септември 2002 г. од митрополитот Пантелејмон II. парцелата од 6 декари е дадена за училишна зграда согласно законот 751, со кој во 1952 г. се дава земја на војници од Грчко-италијанската, Втората светска и Граѓанската војна. Во 1990 г. оваа парцела е предадена на црквата, а парцелата предвидена за црква му е дадена на улилиштето. Во прво време храмот бил параклис на црквата „Св. Ѓорѓи“, но со своја управа. Во август 2006 г. е издаден претседателски указ со кој „Св. Пантелејмон“ е прогласен за парохиска црква.

Градбата претставува крстокуполен храм во византиски стил, дело на архитектот Василиос Папас. Митрополитот Пантелејмон ΙΙ настојувал храмот да се нарече така бидејќи епархијата немала парохиски храм посветен на Свети Пантелејмон, а митрополијата имала мошти на тој светец, сместени во храмот. Внатре се чува извезена папуча на Свети Дионисиј Закинтски, а во црковниот двор има параклис посветен на Свети Дионисиј. Црквата има и параклис „Воздвижение на Чесниот Крст“ во маалото Топографи.

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Пантелејмон, Арсакли Пантелејмон, Арсакли Пантелејмон, Арсакли Категорија:Појавено во 2002 година