Пресвета Богородица Нова () — црква во градот Солун, Егејска Македонија. Влегува во состав на Солунската епархија на Цариградската патријаршија.

Црквата се наоѓа во крајбрежното подрачје југоисточно од градскиот центар, на почетокот на улица „Димитрис Гунарис“ и меѓу улиците „Цимискис“ и „Митрополис“. Во минатото се нарекувала „Пресв. Богородица Голема“ (Μεγάλη Παναγία, Τρανή Παναγία). Изградена е во 1727 г. според мермерниот натпис над јужната врата. На нејзино место се наоѓал манастирот „Пресв. Богородица“, основан од Иларион Мацунис и запален во 1690 г. Во 1727 г. е изработен живописот, дело на Давид Селеница.

Градбата претставува трикорабна базилика со женска црква. На западната страна има трем, а на јужната има подоцна дограден неокласичен портик со камбанарија над него. Во 1978 г. камбанаријата настрадала во земјотрес, и потоа изградена одново. Внатрешноста има зачувани вредни украси. Во жртвеникот и во женската црква има забележителни фрески од XVIII век, изработени во духот на палеолошката уметност. Резбаниот иконостас е позлатен. Владичкиот престол, амвонот и таванските фрески се од XIX век. Иконата на Богородица Слаткољубива е дело на Јоанис Папаталасиу.

Галерија

Поврзано Солунска епархија

Наводи

Надворешни врски

Богородица Нова Богородица Нова, Солун Категорија:Појавено во 1727 година